АНКАРА (АА) – Претседателот Ердоган ги потврди трите закони, меѓу кои и „Договорот за обесштетување меѓу Република Турција и државата Израел“, јавува Anadolu Agency (AA).
Од прес-центарот на претседателството соопштија дека претседателот Ердоган ги одобрил следниве закони: Договор меѓу Владата на Република Турција и јапонската Влада за формирање на турско-јапонски универзитет за наука и технологија во Турција, Договор за начин на обесштетување меѓу Република Турција и државата Израел, Договор за енергетска соработка меѓу Владата на Република Турција и Владата на Боливарската Република Венецуела. Потврдените закони се испратени до Парламентот, стои во соопштението.
- Договор меѓу Турција и Израел -
Според договорот со Израел, како обесштетување за лицата што ги загубија своите блиски во инцидентот на бродот „Мави Мармара“, на 31 мај 2010 година, на сметка што ќе биде отворена од страна на Турција, државата Израел ќе исплати 20 милиони долари. Оваа сума ќе биде исплатена одеднаш.
Банкарската сметка за исплаќање ќе биде доставена до Израел преку дипломатски канали. Израел ќе треба да ја префрли сумата на сметката во рок од 25 работни дена од стапувањето во сила на донесениот закон.
Дистрибуцијата на средствата, како и методите за нивното дистрибуирање е во надлежност на Турција. Во врска со ова, Израел нема да сноси никаква одговорност.
Турција и Израел се согласиле да не и се додава одговорност на другата страна или на оние кои делуваат во име на другата страна, и ова разбирање, во ситуација на прифаќање или преземање на кривична и граѓанска одговорност од која било страна или од страна на оние кои делуваат во име на една од страните, да не се коментира.
Според договорот, Израел и неговите државјани се поштедени од каква било одговорност доколку Турција, или некое физичко или правно лице од Турција индиректно или директно поднесе кривична пријава во врска со случајот „Мави Мармара“.
Во случај некое физичко или правно лице од Турција, или пак некое трето лице во нивно име поднесе барање за обесштетување до Владата на Израел, или пак некое физичко, правно или трето лице од Израел, а притоа настанат материјални трошоци и загуби, без оглед на горенаведените одредби, сите материјални трошоци и штети ќе бидат подмирени од страна на Турција кон оштетеното физичко лице, правно лице, израелската Влада или лице кое ја застапувало Владата во таков евентуален случај.
Овој договор ќе стапи во сила откако страните ќе ги исполнат потребните правни процедури за стапување на законот во сила. Датумот за стапување на законот во сила ќе биде одреден по меѓусебен договор на двете држави преку дипломатски канали.
news_share_descriptionsubscription_contact
