A. Eda Ünlü Özen
02 Октомври 2016•Ажурирај: 03 Октомври 2016
АНКАРА (AA) – Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денес во Анкара изјави дека припадниците на терористичката организација ФЕТО моментално бараат дупки во кои би се сокриле, како и дека надлежните институции ги гонат и стигнуваат на секое место, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Ердоган денес им се обрати на собраните на плоштадот во дистриктот Казан во Анкара и во таа прилика истакна дека е горд на турскиот народ кој на 15 јули храбро застанал и ја одбранил земјата и демократијата од нападот на предавниците и пучистите.
„Уверен сум дека народот со својата одбрана на демократијата покажа пример на целиот свет. На предавниците на земјата и нацијата им ја покажавте вистинската лекција", рече турскиот претседател.
Потсетувајќи дека непосредно по задушувањето на обидот за пуч најави дека турските служби ќе тргнат во чистење на терористичките елементи на ФЕТО, Ердоган рече дека припадниците на ФЕТО моментално трагаат за места во кои ќе побегнат, но дека турските сили ги стигнуваат, каде и да се кријат.
„Каде и да бегаат, ќе бидат фатени. На овој свет ние ќе им судиме, а на идниот ќе им суди нашиот Господар", порача Ердоган.
Истакнувајќи дека помала група на предавници и терористи на ФЕТО во униформи на турската армија на 15 јули се обиде да изведе напад на Турција и нејзината демократија, Ероган рече дека пучистите се излажале бидејќи не земале во предвид како ќе реагира народот на тоа.
„Тие предавници мислеа дека тенковите се запираат со тенкови, авионите со авиони, хеликоптерите само со хеликоптери, а оружјето со оружје. Меѓутоа, заборавија едно, заборавија да направат сметка што ќе се случи доколку храбриот народ застане во одбрана на земјата и нацијата", рече Ердоган.
Турскиот претседател порача дека никој не треба да се сомнева во решителноста и истрајноста на Турција и нејзините институции. Додаде дека сите турски институции, вклучувајќи го и парламентот, продолжија со работа иако беа мета на жестоки напади.
Постојат некои земји кои и понатаму се обидуваат сето тоа да го прикажат како некоја игра. Ние со Божја помош нашите национални интереси ќе ги оствариме до 2023 и на сите сликата ќе им биде многу појасна. Немилите и предавничките напади на 15 јули не научија на многу нешта. Во се, секогаш има и понешто добро", рече Ердоган.