Rabia İclal Turan
12 Ноември 2021•Ажурирај: 12 Ноември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција се надева дека ќе ја види Турска Република Северен Кипар меѓу земјите членки на Туркискиот совет, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Имам доверба во вашата вредна поддршка за олеснување на изолацијата и ембаргото против кипарските Турци, кои се нераскинлив дел од Туркискиот свет“, рече Ердоган обраќајќи им се на лидерите на туркиските земји за време на 8. Самит на Туркискиот совет во Истанбул.

Истакнувајќи ја решителноста на Турција да се бори против „сите форми на тероризмот“, како што е терористичката организација ФЕТО, која го организира поразениот пуч во Турција во 2016 година, како и терористите на ПКК/ЈПГ и ДЕАШ, Ердоган ги повика лидерите да ја зголемат соработката во однос на ова прашање.
„Мора да се обединиме во борбата против исламофобијата и ксенофобијата кои се чумата на нашето време“, додаде тој.
Турскиот претседател му го врачи почесниот медал на Туркискиот совет на својот азербејџански колега Илхам Алиев, за напорите на земјата да ги ослободи окупираните земји на Азербејџан од Ерменија во 44-дневниот конфликт минатата година.
Исто така, нагласувајќи ја важноста на соработката во климатските промени и дигитализацијата, Ердоган изјави дека најголемиот турски собир за воздушна и технологија „Технофест“ ќе се одржи во Азербејџан следната година.