Ekipa
30 Април 2017•Ажурирај: 30 Април 2017
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во интервју за телевизискиот канал WION, истакна дека Турција е во подобра економска состојба од поголемиот број на земјите на ЕУ, и запраша која земја 54 години чекала пред вратите на ЕУ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ердоган по повод вчерашната посета на Индија зборуваше за телевизискиот канал WION, а во таа пригода се осврна на односите меѓу двете земји, актуелните регионални и глобални случувања како и неодамнешниот референдум за уставни промени.
На парашањето како се чуствува откако е завршен референдумот, Ердоган истакна дека референдумот е историски момент за неговата земја. Како што рече тој, Турција по изборите во 2019 година ќе користи нов систем на водење на државата, а тоа според неговите зборови тоа е најважен чекор за Турција во нејзината модерна историја.
На прашањето за тоа како добар дел од неговите критичари наведуваат дека ја поларизирал земјата, но и покрај тоа успеал да ја сочува својата популарност кај гласачите, особено младите луѓе, Ердоган нагласи дека Партијата за правда и развој (АК Партија) секогаш била едно политичко движење во пораст, никогаш во пад.
„Тоа всушност кажува нешто. Тоа е политичко движење кое никогаш не го делело својот народ, туку се залагало за народот. Никогаш не било политичко движење кое правело разлики меѓу народите во однос на религијата, јазикот, начинот на живот, размислувањето, но исто така и по прашањето на нивните права и слободи. Исто така, поддршката на народот се гледа преку сите избори досега, таа надминуваше и 50 отсто”, истакна Ердоган и додаде:
„Деновите кои што доаѓаат ќе бидат многу подобри за нашата земја од денешните”.
Во врска со денешната посета на Индија, Ердоган потсети дека оваа земја последен пат ја посетил во далечната 2008 година и тоа во својство на премиер на Турција.
„Секако цел ни е во рамките на оваа посета нашите билатерални односи да ги доведеме на едно повисоко ниво. Ако ги погледнеме моментално односите на двете земји, имаат трговска размена од околу шест милијарди долари. Оваа бројка не оди во прилог на Турција”, порача Ердоган.
При обид да постави прашање во кое сака да повлече паралела помеѓу прашањето за Кашмир и ситуацијата со Курдите во Турција, Ердоган порача дека споредбата на овие два случаи е погрешна.
„Ние немаме проблеми со курдското население во нашата земја, затоа тоа не би требало да се меша. Проблемот кој ние го имаме е оној со терористичката организација. Таму е присутна една поразлична ситуација. Таму Пакистан како држава ја нуди својата теза, а од друга страна, Индија како држава ја нуди својата. Но, кога е во прашање Турција, на нашата територија се појавува терористичка организација која вели ,Ние сме тука во името на Курдите'. Во Кашмир не постои проблем од овој тип”, истакна Ердоган.
Тој се осврна и на последната криза во односите на Турција и ЕУ, а што рече:
„Која земја 54 години чекаше на вратите на ЕУ? Не постои никаква причина за тоа. Ние во нашата земја ги имаме сите Копенхагенски критериуми, а во економска смисла сме во многу поодбра состојба од поголемиот дел на земјите на ЕУ”, изјави Ердоган.
Зборувајќи за опасносните од терористичката организација ФЕТО, која е одговорна за обидот за пуч во неговата земја, Ердоган изјави:
„Морам да ви кажам дека тие утре многу лесно може да се инфилтрираат и во индиската администрација. Мислам дека Индија не би требала да ја занемари нивната опасност”.