Aybala Arpacı
07 Јануари 2017•Ажурирај: 07 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, јавува Аnadolu Agency (AA).
Според сознанијата на АА од извори блиски на Канцеларијата на турскиот претседател, Ердоган и Меј разговарале и за последните терористички напади во Турција како и прашањето за Кипар.
Меј упати сочуство до Ердоган и целиот турски народ по повод невините жртви во последните терорирстички напади во Истанбул и Измир, и порача дека Велика Британија секогаш ќе биде со Турција кога е во прашање борбата против тероризмот.
Тие разговараа и околу прашањето за Кипар, при што е нагласија желба преговорите околку Кипар кои ќе бидат продолжени во Женева да резултираат со праведно и долготрајно решение за островот.