Zafer Fatih Beyaz,Yasemin Kalyoncuoğlu
30 Септември 2019•Ажурирај: 01 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, присуствуваше на отворањето на новата концертна сезона на Претседателскиот симфониски оркестар, јавува Anadolu Agency (AA).
Концертната сезона 2019-2020 на Претседателскиот симфониски оркестар започна со специјалниот концерт во Конгресниот центар „Бештепе“ во Анкара.
Воведниот концерт, на кој присуствуваше и сопругата на претседателот Ердоган, Емине Ердоган, започна со интонирањето на националната химна.
Солисти на концертот, предводени од првиот диригент на Претседателскиот симфониски оркестар, Ренгим Ѓукмен, беа светски познатите пијанистки близначки Гухер и Сухер Пекинел.

На воведниот концерт дуото го изведе делото на францускиот композитор Франсис Пуленк напишана за пијано и оркестар.
„Турско капричо“, која се смета меѓу најважните дела на композиторот од втора генерација Ферит Тузун, исто така беше дел од програмата на првиот концерт.
Делото „Половски танци“ на рускиот композитор Александар Бородин од грузиско потекло, беше финалната точка изведена на вечерашниот концерт.

По концертот, турскиот претседател Ердоган на првиот диригент на Претседателскиот симфониски оркестар, Ренгим Ѓукмен, и на директорот Алтан Калмукоглу им додели плоча со националната химна од 1933 година.
На концертот исто така присуствуваа потпретседателот на Турција, Фуат Октај, министерот за правда, Абдулхамит Ѓул, министерката за семејство, труд и социјални работи, Зехра Зумрут Селчук, министерот за млади и спорт, Мехмет Мухарем Касапоглу, министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, министерот за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој, министерот за одбрана, Хулуси Акар, министерот за индустрија и технологија, Мустафа Варанк, министерот за здравство, Фахретин Коџа, министерот за транспорт и инфраструктура, Мехмет Џахит Турхан, началникот на Генералштабот генерал Јашар Ѓулер, командантот на копнените сили, генерал Умит Дундар, командантот на Воздухопловните сили генерал Хасан Кучукакјуз, заменик претседателот на АК партијата Нуман Куртулмуш, генералниот секретар на АК Партијата, Фатих Шахин и гувернерот на Анкара, Васип Шахин.