Kemal Zorlak
03 Август 2019•Ажурирај: 05 Август 2019
АНКАРА
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека новата сириска православна црква, која ќе биде изградена во Истанбул, ќе биде новото богатство на градот, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот претседател присуствуваше на церемонијата на положување камен-темелник за црквата „Свети Јефрем Сирин“ во Истанбул.
Говорејќи на церемонијата, Ердоган рече дека изградбата на црквата ќе биде завршена за две години.
„Како и сите други прашања, исполнувањето на желбите на верниците на асирската заедница, античките деца на нашата географија, е должност на Република Турција“, изјави Ердоган.
„Ние сме нација која со овој регион раководи речиси еден милениум, а со Истанбул веќе 566 години. Низ историјата, нашиот регион отсекогаш бил срцето на верската, етничката и културната разновидност, а што е уште поважно, тој е центар на човечката совест“, додаде тој.
„Иако страдањето во нашиот регион во последните 150 години предизвика многу проблеми и многу уништување, ние никогаш не дозволивме да коегзистира ниту најмала слабост во нашата волја. За нас, секој што има наклонетост и лојалност кон Турција и придонесува [за земјата] е граѓанин од прв ред“, истакна Ердоган.
Тој додаде дека Турција во моментот е домаќин на речиси 4 милиони Арапи, Курди и Туркмени, како и муслимани, Асирци, Езиди и други групи од Сирија и Ирак.
„Од Шпанија до Северна Африка, портите и срцата на Турција се отворени за сите угнетени“, рече Ердоган, нагласувајќи: „Немаше и никогаш нема да има простор за дискриминација во нашите умови и срца.“
„Вистинската цел на терористичките групи и нивните сојузници е нашата заедничка татковина, а најдобриот начин нивните напори да бидат залудни е да ги гледаме нашите разлики како наше најголемо богатство и сите 82 милиони да дејствуваме заедно како едно. Не заборавајте дека ова земја е земја на сите нас. Оваа држава е држава на сите нас и сѐ додека Турција станува помоќна, можностите што поизлегуваат од тоа се од интерес на сите граѓаните и тие ќе можат тоа да го искористат“, рече Ердоган.