Mehmet Yusuf Melikoğlu
12 Мај 2024•Ажурирај: 14 Мај 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, по повод Денот на мајката порача дека ова е добра можност да се упати благодарност до сите мајки и потсетник колку важен печат оставиле со својата несебична љубов врз нашите животи, јавува Анадолу.
Во Република Туркије и многу земји во светот денеска се одбележува Денот на мајката, а турскиот претседател по тој повод се огласи на социјалните мрежи.
Упатувајќи честитки во оваа прилика, Ердоган им оддаде почит на сите мајки кои веќе не се живи.
„Како конгломерат од убави чувства како што се љубовта, сочувството и пожртвуваноста, нашите мајки се највредното богатство во нашите животи. Мораме да го чуваме ова единствено богатство, особено драгоцените мајки на нашите загинати херои кои ни ги доверија своите најсакани и во секоја прилика на најдобар можен начин мораме да ја покажеме вредноста што им ја придаваме на нашите мајки. Има многу малку човечки емоции кои можат да се споредат со мајчината сочувствителност кон своето дете. Денес е многу значајна можност да им заблагодариме на нашите мајки, но и да се потсетиме на нивото влијание врз нашите животи. Додека ги исполнуваме своите одговорности и должности како припадници на верата која го гледа рајот под нозете на мајките, не треба да заборавиме дека благословите на нашите мајки се еден од нашите најважни извори на енергија“, порача Ердоган.