Mehmet Tosun
05 Јуни 2023•Ажурирај: 06 Јуни 2023
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати пригодна порака по повод Светскиот ден за заштита на животната средина што се одбележува секој 5 јуни, пренесува Анадолу.
„Го честитам Светскиот ден за заштита на животната средина и ги повикувам сите наши граѓани да бидат чувствителни во однос на заштитата на нашите природни богатства и да им ги препуштат на идните генерации. Со многубројните активности Туркије, секако, ќе продолжи да се труди да изгради свет во кој е пријатно за живеење“, рече Ердоган во пораката на социјалните мрежи.
Светскиот ден за заштита на животната средина се слави на 5 јуни секоја година во повеќе од 140 земји низ светот.
Целта на одбележувањето на овој ден е да се истакнат силата и моќта на локалната заедница и поединците во решавањето на проблемите со заштитата на животната средина.