Zafer Fatih Beyaz
01 Октомври 2020•Ажурирај: 01 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со Наваф ал Ахмад ал Џабер ес Сабах, кој вчера беше назначен за нов кувајтски емир, јавува Агенција Анадолија (AA).
Ердоган за време на разговорот изрази сочувство за смртта на кувајтскиот емир, шеикот Сабах ал Ахмед ал Џабир ес Сабах, кој почина вчера во САД, каде што беше на лекување.
Турскиот претседател по тој повод упати порака со сочувство до семејството, како и до целиот пријателски кувајтски народ.
Нагласи дека покојниот емир Сабах ќе остане запаметен по неговите исклучителни напори за мирот и стабилноста во регионот, како и за неговиот придонес кон просперитетот и развојот на Кувајт.
Упатувајќи честитки до новоименуваниот емир Наваф по повод вчерашното преземање на должноста, Ердоган нагласи дека Турција и Кувајт имаат силни историски и културни врски, и дека сака тие односи и да се подобрат.
Ердоган изрази уверување дека блиската соработка меѓу двете земји ќе придонесе и кон мирот и стабилноста во регионот.