Hatice Şenses Kurukız,Andaç Hongur Erpehlivan,Berk Özkan
16 Јули 2021•Ажурирај: 18 Јули 2021
ИСТАНБУЛ
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, соопшти дека досега шест лица ги загубија своите животи во поплавите во Ризе, додека двајца се водат како исчезнати, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот Ердоган одговори на прашањата на медиумите по петочната молитва (џума намазот) во Џамијата „Аја Софија“.
На прашање за најавената посета на Турската Република Северен Ирак (ТРСК), Ердоган изјави дека посетата е најавена за понеделник, 19 јули и додаде дека ќе биде придружуван од страна на голема делегација.
Истакнувајќи дека првиот ден ќе им се обратат на пратениците во Парламентот на Северен Кипар, Ердоган продолжи со зборовите:
„Покрај тоа, добрата вест за Северен Кипар сакаме да ја дадеме пред тамошниот Парламент, ако ја кажам сега, тоа би било погрешно. Направивме добар чекор, чии прелиминарни активности се завршени. Во вторник, како што знаете на Северен Кипар ќе се одржи церемонијата што се организира секоја година. По одржувањето на предвидените церемонии со целата делегација, се враќаме дома во вторник навечер. Се надевам дека на годинашните церемонии, на најубав начин, ќе испратиме пораки за воспоставување на светскиот мир, и на Островот и во целиот свет.“
Наведувајќи дека во рамките на патувањето ќе има двојна средба меѓу претседателите, Ердоган соопшти дека ќе се остварат и средби меѓу делегациите, со што ова патување ќе биде и продуктивно.
- „Досега, освен двајца исчезнати, имаме шест смртни случаи“
На новинарско прашање „Имаше поплави во Ризе, потоа и во Германија. Во Германија живеат голем број наши граѓани. Имате ли информации? Дали разговаравте со г-ѓа Меркел за помагање едни на други?“, претседателот Ердоган истакна:
„На таа тема нема барање од Германија. Но според информациите што ги добивме, обемот на катастрофата е многу голем во Германија. За жал, имаме шест смртни случаи во катастрофалните поплави што ја зафатија областа Ризе, вклучувајќи ја и мојата општина, а двајца се водат за исчезнати. Тројца министри се таму. Ја продолжуваме нашата работа на теренот со целата градежна опрема. Посакувам милост од Господа за починатите. И посакувам Господ да нѐ заштити од вакви катастрофи.“
- „15 Јули - Музејот на демократијата“ стана музеј со дигитална содржина
Претседателот Реџеп Таип Ердоган, на новинарско прашање во врска со активностите на петгодишнината на 15 Јули, рече:
„Вчера почна да се прикажува филмот „Време на зората“ (Şafak Vakti). По овој повод имаше преноси во живо од стотици национални и меѓународни активности. Управата за верски работи на Турција (Дијанет) во 00:13 часот организира учење на Села во 90.000 џамии. Заклучно со 15 јули спроведени беа 3.876 национални и меѓународни проекти. Покрај тоа, спроти Претседателскиот комплекс во Бештепе го отворивме „15 Јули - Музејот на демократијата“. Навистина стана дигителен музеј. Веројатно е првиот ваков музеј во Турција.“