Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
06 Декември 2022•Ажурирај: 07 Декември 2022
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Туркије ги надмина сите пречки во борбата против тероризмот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи на генералното собрание на турската Конфедерација на здруженија на работодавачи (ТИСК) во главниот град Анкара, Ердоган рече: „Состојбата на Западот во неговата борба против тероризмот е очигледна, но Туркије ги надмина сите пречки во борбата против тероризмот.“
„Туркије стави крај на тероризмот во неговиот извор“, изјави Ердоган и остро ги нападна оние што ги критикуваат антитерористичките напори на Анкара во регионот Ајн ал-Араб.
„Кобани (Ајн ал-Араб) е веќе готов (во борбата против теророт). Во Идлиб, во Кобани, ги преземаме сите неопходни мерки, ги презедовме и ќе ги преземеме отсега натаму.“
Терористичката организација ЈПГ/ПЈД/ПКК се обидува да регрутира припадници од сириските области Ајн ал Араб, Камишли, Ал Маликија, Дарбасија, Ал Хасека, Рака, Деир ез-Зор и Мунбич.
Туркије бара терористичката организација да го напушти Мунбич, што беше окупиран од ЈПГ/ПКК во август 2016 година.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации на Туркије, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на над 40.000 лица, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на таа терористичка организација.
„Туркије сега е место во кое терористите ќе се удават“, додаде Ердоган.
Турскиот претседател рече дека ќе ги зголеми пријателите на Туркије, но додаде дека непријателите ќе си го знаат местото.
„Кога ќе се соочиме со закана за нашиот опстанок, можеме да постигнеме победи што никој не ги очекува“, додаде тој.
„Туркије, кон која се правени обиди да биде вовлечена во вештачки кризи, не ни потклекна, туку е во подем, и тој ќе продолжи“, вети турскиот претседател.
Ердоган рече дека Туркије сега носи свои одлуки во политиката, економијата, дипломатијата и војската, а исто така создава своја инфраструктура и поставува свои цели.
„Нашата судбина повеќе не е во ничии раце. Сега нашата нација ја одредува нашата судбина“, рече Ердоган.