Sibel Kurtoğlu,Cemal Coşkun
16 Декември 2017•Ажурирај: 17 Декември 2017
ЈАЛОВА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција нема да престане да ја брани правдата во Палестина и Кудс, јавува Anadolu Agency (AA).
- „Нема да се откажеме од правото заодбрана на Кудс”
Претседателот на Турција Ердоган во говорот што го одржа пред граѓаните на Јалова, зборуваше за Израел, за ставот на САД на блискиот Исток, за Сирија, за поддршката која им се дава на терористичките организации, истакнувајќи:
„Затоа што Израел не сака, нема да се откажеме од правото за одбрана на Палестина и Кудс. Тоа што Америка има други пресметки, нема да дозволиме во Сирија да се формира терористичка држава. Нема да бидеме набљудувач ниту на поделбата врз основа на верско гледиште и потеклото на луѓето во Ирак. Во никој случај нема да останеме набљудувачи и безгласни доколку ЕУ, НАТО или некоја друга сила, заземат став со кој ќе се омаловажат или ќе им се наштети на нашиот народ и земја.”
Претседателот Ердоган зборувајќи за поддршката за палестинскиот народ, го рече следното:
„Како што вчера застанавме покрај нашите браќа во Босна, како што вчера им дадовме поддршка на нашите браќа на Кавказ, како што вчера не ги оставивме сами и застанавме покрај угнетените во било кој дел од светот, така денеска на еден многу посилен и поодлучен начин го правиме ова и ќе продолжиме да го правиме. Никогаш нема да се откажеме од достоинствениот став кој ни го доверија нашите предци.”
Претседателот Ердоган во своето обраќање зборуваше и за функционалноста на структурите на ОН, истакнувајќи: „Обединети нации и Совет за безбедност на ОН, ќе го направите тоа што е потребно. Доколку не го направите тоа, тогаш, во правни рамки, ќе го направиме тоа што е потребно за да извршиме притисок врз релевантните органи”