Esra Tekin,Serdar Dincel
19 Ноември 2025•Ажурирај: 20 Ноември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Турција верува дека би било корисно процесот во Истанбул за војната во Украина да се спроведе со „сеопфатна рамка која може да се справи со сегашните акутни проблеми“, изјави претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на заедничката прес-конференција со својот украински колега Владимир Зеленски, што се одржа денес во Анкара, известува Анадолу.
„Разговорите во Истанбул претставуваат важна пресвртница во дипломатските напори во време кога разорните ефекти од војната (Русија-Украина) се продлабочуваат“, рече Ердоган, нагласувајќи ја важноста на разговорите за завршување на тековната војна организирани со посредничка улога на Турција.
Ердоган ја изрази подготвеноста на Анкара да разговара со Русија за „сите предлози што би го забрзале прекинот на огнот, трасирајќи го патот за праведен, траен мир“.
Турција очекува сите партнери кои сакаат да го спречат крвопролевањето меѓу Русија и Украина да заземат конструктивен став во врска со процесот во Истанбул, посочи претседателот Ердоган.