Ekipa
09 Септември 2019•Ажурирај: 10 Септември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Проектот за Финансискиот центар во Истанбул, економското средиште на Турција, се очекува да заврши во почетокот на 2022 година, истакна турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи на конференција во Истанбул, Ердоган нагласи дека Турција ќе преземе храбри и одлучувачки чекори во правец на алтернативното финансирање во деновите што доаѓаат, со цел да го заземе своето вистинско место на светската сцена.
„Нашата цел е до 2025 година да го зголемиме уделот на партиципативно финансирање во вкупните банкарски средства, од сегашните 5 отсто на 15 отсто“, додаде Ердоган.