Kerem Kocalar
16 Октомври 2016•Ажурирај: 16 Октомври 2016
ГАЗИАНТЕП (АА) - Гувернерот на провинцијата Газиантеп, на југоистокот на Турција, Али Јерликаја соопшти дека во активирањето на експлозивната направа на припадниците на терористичката организација ДЕАШ загинаа тројца полицајци, а осум се ранети, од тоа четири лица по потекло од Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Припадниците на терористичката организација ДЕАШ кои сфатиле дека ќе бидат фатени во акцијата на ќелијата на организацијата сместена во местото Шахинбеј, врз себе активирале експлозивна направа.
Полициските екипи по дојавата дека во куќа во населката Гунејкент се кријат терористи, организираа антитерористичка акција. Специјалните тимови со оклопни возила оневозможиле влез или излез од спомнатото подрачје.
Терористите активирале експлозивна направа во моментот кога членовите на тимот се обиделе да влезат во куќата во која се наоѓале.