Hüseyin Bağış
09 Јули 2020•Ажурирај: 10 Јули 2020
ИСТАНБУЛ
Во акција насочена против терористичката организација ДЕАШ приведени се 10 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Акцијата за приведување ја започнаа екипи на Одделот за борба против тероризам на Истанбулската полиција, која беше насочена против лица осомничени за врски со ДЕАШ и со странски бојни полиња.
На 14 адреси и 10 подрачја извршени се претреси за да бидат фатени лицата за кои е утврдено дека на социјалните мрежи споделувале содржини поврзани со организацијата.
Меѓу приведените се наоѓаат и странски државјани со потекло од Азербејџан, Сирија, Палестина и Узбекистан.
Против 6 странски државјани со потекло од Сирија, Палестина и Узбекистан е покрената постапка за депортација, додека сѐ уште трае процесуирањето на 4 лица, меѓу кои се наоѓа и државјанин на Азербејџан.