Muhammed Enes Can
17 Ноември 2017•Ажурирај: 17 Ноември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - По налог на Обвинителството во Истанбул, припадниците на полицијата го приведоа поранешниот фудбалер Зафер Бирјол поради членство во терористичка организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Обвинителството издаде налог за приведување на Бирјол, откако било утврдено дека тој го користел „ByLock“ (БајЛок), систем за шифрирана комуникација кој го користеа членовите на терористичката организација ФЕТО.
Бирјол е префрлен во зградата на полицијата, каде што во тек е криминалистичка обработка, а тој е осомничен за членство во терористичка организација.
За време на фудбалската кариера, Бирјол носеше дресови на турските прволигаши Ѓозтепе, Коњаспор, Фенербахче, Чајкур Ризеспор, Бурсаспор и Мерсин Идманјурду.