Servet Günerigök
15 Јуни 2016•Ажурирај: 16 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Пораката со честитка за Денот на Русија на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, може да биде чекор напред кон нормализирање на односите помеѓу двете земји, изјави вицепремиерот на Турција, Нуман Куртулмуш, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи на заедничкиот ифтар со соработниците од премиерскиот кабинет, Куртулмуш изјави дека Турција и Русија имаат силни врски - економски, политички и културни - кои не можат да се отфрлат.
Ердоган, на рускиот претседател Владимир Путин, му го честита денот на Русија, 12-ти јуни, назначен како национален празник во чест на суверенитетот на Русија.
Во честитката испратена во неделата, Ердоган посака турско-руските односи во иднина „да се зголемат на нивото кое го заслужуваат”, велат изворите.
„Се надевам дека ќе бидат преземени клучни чекори во процесот на нормализација, со честитката на нашиот претседател и премиер. Ова е, исто така, изјава на волјата на Турција за нормализирање на овој процес".
„Со Божја волја, ќе има подобрување во затегнатите односи помеѓу Турција и Русија кои започнаа сo соборувањето на рускиот авионот и ќе се видат резултати”, изјави Куртулмуш.
Дипломатските односи меѓу двете земји се влошија откако рускиот SU-24 го наруши турскиот воздушен простор и беше пресретнат и соборен на 24-ти ноември од турски воени авион. Кремљ наметна санкции на прехранбени производи, крај на безвизниот режим и бојкот на Турција од страна на руските туристи.
Како и да е, вицепремиерот изјави дека забелешките на Ердоган не значат дека Анкара и Москва ќе се договорат за политичките прашања и ќе ги решат проблемите на регионот.
„Нашите разлики во размислувањата во врска со многу прашања, вклучувајќи ја и Сирија ќе останат. Но на крај, од суштинско значење е одржувањето на мирот помеѓу двете соседни земји. Се надевам дека сличен знак ќе дојде и од руската страна. Русија веќе покажа сличен став по ова прашање” , додаде Куртулмуш.