Halil Demir,Yakup Çabuk
15 Јуни 2016•Ажурирај: 16 Јуни 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Полицаецот кој беше ранет во акцијата против дилерите на дрога во истанбулската населба Арнавуткој, почина во болницата во која беше префрлен, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, во близина на Енсар паркот, за време на контролата која што ја спроведувала полицијата и обидот да го приведат осомничениот, настанал вооружен судир меѓу криминалците и полицијата.
Напаѓачите кои биле сместени во куќа, биле опколени од оклопни возила на полицијата. Настанала престрелка меѓу полицијата и криминалците, по која лицето Сејфетин Г. (44), за кој постои досие за прекршоци поврзани со дрога и ранување, е пронајден мртов.
Полицискиот службеник кој беше ранет за време на престрелката почина во болницата во која беше хоспитализиран.
Продолжува лекувањето на началникот на полициската станица во Арнавуткој. Полицијата продолжува да го истражува подрачјето.