Kenan Irtak
05 Март 2018•Ажурирај: 06 Март 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Утре (вторник) од Истанбул тргнува Меѓународниот конвој на совеста, инициран од група жени, чија цел е да го свртат вниманието на јавноста за проблемот на жените, кои се наоѓаат во затворите на сирискиот режим на Башар ал-Асад, јавува Anadolu Agency (AA).
Конвојот, кој има за цел да го сврти вниманието кон проблемот на жените, кои се подложени на тортура и силување во затворите на сирискиот режим, ќе се состои од неколку илјади жени од 55 земји. Меѓу учесничките ќе бидат и претставници на невладини организации, академски работнички, адвокатки, претставници од медиумите, медицински работнички, уметници, спортистки, политичарки ...
Меѓу учесниците од странство, кои ќе бидат дел од конвојот, се и жените од Босна и Херцеговина, вклучително и мајките од Сребреница.
Околу 200 автобуси и голем број возила ќе тргнат од Истанбул во утринските часови, а ќе застануваат во турските градови Кочаели, Сакарја и Анкара.
Учесничките од Хатај, во близина на турско-сириската граница, на 8 Март ќе испратат повик за итно ослободување на жените, кои се подложени на тортура и силување во затворите на сирискиот режим.