Fatma Esma Arslan
05 Март 2018•Ажурирај: 06 Март 2018
АНКАРА (АА) - Поддржувачите на терористичката организација ПJД/ПКК на социјалните мрежи пласираа две нови фотографии продолжувајќи со клеветење на операцијата „Маслинова гранка“, за кои е утврдено дека не се поврзани со споменатата операција која од 20 јануари се спроведува во подрачјето на Африн, северозападна Сирија.
Поддржувачите на терористичката организација со цел манипулација и клевета на операцијата „Маслинова гранка“ и на Турските вооружени сили често користат фотографии на коишто се луѓе од Газа, а така беше и овој пат.
Споделена е фотографија заедно со описот дека во Африн „мајка се обидува да заштити маслиново дрво од окупаторите“, која всушност е снимена пред неколку години на Западниот Брег. На фотографијата може да се види Палестинка која прегрнува маслиново дрво, а зад неа се наоѓаат израелски војници.

Клеветењето на Турските вооружени сили го поддржа Фејсал Саријилдиз, од Народната демократска партија (НДП), кому му е укинат пратеничкиот мандат.
Саријилдиз на социјалната мрежа Твитер напиша дека „милитантите на Ал Каеда и ДЕАШ се борат на страната на турските сили и ги убиваат цивилите и жителите на Африн“. Вистина е дека наведената фотографија е фотографирана на 27 ноември 2015 година. На неа се прикажани припадници на Фронт Ал-Нусра и Ахрар ал-Шам кои подготвуваат напад во Идлиб.

Претходно, еден од челниците на ПЈД/ПКК, Салих Муслум, на социјална мрежа сподели содржина во која се наведува дека Турција врши масакр во Африн, за чијашто фотографија се докажа дека е направена во Источна Гута во 2014 година.