Muhammed Ali Toruntay
26 Март 2020•Ажурирај: 27 Март 2020
АНКАРА
Министерството за одбрана на Турција соопшти дека во подрачјето на „Штитот на Еуфрат“, припадници на специјалните единици спровеле операција во која се неутрализирани петмина милитанти, припадници на терористичката организација ПКК/ЈПГ кои се подготвувале да изведат напад, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави турското Министерство за одбрана се истакнува „Во успешна операција на припадниците на специјалните единици, на подрајето на „Штитот на Еуфрат“ неутрализирани се петмина терористи на ПКК/ЈПГ кои се подготвувале да изведат напад. Ќе продолжиме да ги преземаме сите потребни мерки со цел да се одржи мирот и спокојот во регионот.“