Aybala Arpacı
07 Јануари 2017•Ажурирај: 08 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Поради обилните снежни врнежи кои го погодија Истанбул, морскиот премин Босфор денес е затворен за сообраќај на бродовите во двата правци, јавува Anadolu Agency (AA).
Како соопштија од Директоратот на пристаништето на Истанбул, поради снежните врнежи и силни бури, сообраќајот за бродови низ преминот Босфор е заворен денес од 8.55 часот по локално време.
Покрај тоа, поради обилните снежни врнежи, мраз и снежен ветер, откажани се 610 редовни летови на авио компанијата Туркиш Ерлајнс. Поради синоќешните откажани леторви во хотелите се сместени 5.900 патници.
Синоќа беа откажани и денешните летови за Сараево, Белград, Скопје и Љубљана, но и за други голем број европски градови.