Orhan Onur Gemici
12 Ноември 2020•Ажурирај: 13 Ноември 2020
АНКАРА
Министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу соопшти дека е неутрализиран терористот Исмаил Сургеч, таканаречен теренски офицер во Тунџели, баран во црвената категорија на терористи на ПКК, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, ја сподели на на својот профил на социјалната мрежа Твитер.
„Неутрализиран е уште еден терорист од црвената листа на барани терористи ... Исмаил Сургеч, со кодно име ‘Јилмаз‘, таканаречен теренски офицер во Тунџели е неутрализиран за време на операцијата во долината Тунџели Ахпанос. Честитки херои, Господ да ве заштити“, напиша Сојлу.
Листата на барани терористи на турското Министерство за внатрешни работи е поделена на пет категории: црвена како најбарана, потоа сина, зелена, портокалова и сива категорија на барани.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.