Eşber Ayaydın
12 Ноември 2020•Ажурирај: 12 Ноември 2020
ШАНЛИУРФА
Турската полиција денес од слобода лиши 24 лица осомничени за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Припадниците на Одделот за борба против тероризам и Одделот за разузнавачки работи на Полициската управа во Шанлиурфа спроведуваат операција на подрачјето на три турски области и приведуваат лица кои се товарат за врбување на нови членови и собираат логистички средства за терористичката организација ДЕАШ.
Неименуван безбедносен извор соопшти дека 24 лица се приведени во Шанлиурфа, Бурса и Дијарбакир, а дека се товарат и за обиди за организирање на нелегални влегувања и транзит на терористите на ДЕАШ преку Турција.
Полицијата изврши и претреси во куќите на уапсените и заплени поголема количина на оружје, муниција и друг доказен материјал.
Турција меѓу првите земји во светот ја прогласи ДЕАШ за терористичката организација и води повеќегодишна одлучна борба против повеќе терористички организации, вклучувајќи ги ДЕАШ, ПКК, ФЕТО и ДХКП-Џ.