Sibel Uygun
27 Јануари 2017•Ажурирај: 27 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Во изминатите 24 часа, како дел од офанзивата „Штитот на Еуфрат“ беа неутрализирани 22 терористи на ДЕАШ во северна Сирија, соопшти турската армија денес, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турските вооружени сили исто така погодија 272 позиции на ДЕАШ, вклучувајќи командни и контролни објекти, одбранбени точки, засолништа, возила и оружја користени од терористите на ДЕАШ во северна Сирија“, се вели во соопштението на турскиот Генералштаб на 157. ден од операцијата.
Турските авиони исто така погодија 21 зграда коишто биле користени како засолништа, две седишта, еден магацин за оружје и четири возила наполнети со експлозив. Исто така, неутрализирани се и 73 рачно изработени експлозивни направи.
Од почетокот на операцијата, во контролирани услови беа неутрализирани 3.282 рачно изработени експлозиви и 55 мини.
Операцијата „Штитот на Еуфрат“ започна кон крајот на август, со цел да се зајакне граничната безбедност, да се елиминира заканата долж турските граници, како и заради поддршка на коалициските сили во Сирија. Умерената сириска опозиција е поддржана од турската артилерија и од авионите како дел од операцијата.