Ferdi Türkten
12 Декември 2024•Ажурирај: 13 Декември 2024
АНКАРА (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, го прими американскиот државен секретар Ентони Блинкен, известува Анадолу.
Средбата се одржа на аеродромот Есенбога во Анкара, главниот град на Туркије, зад затворени врати. На средбата присуствуваа и министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, директорот за комуникации на претседателот Фахретин Алтун, секретарот на претседателот и амбасадор, Хасан Доган, како и главниот советник за надворешна политика и безбедност на претседателот, Акиф Чагатај Килич.
На состанокот присуствуваа и членовите на американската делегација, која ја претставуваа заменик потсекретарот за политички прашања на американскиот Стејт департмент, Џон Бас, и вршителот на должноста на американската амбасада во Анкара, Мајкл Голдман.
Претседателот Ердоган и американскиот државен секретар Блинкен во Анкара разговараа за односите на Туркије и САД, за последните случувања во Сирија и за регионални и глобални теми.
Американскиот државен секретар Блинкен ѝ се заблагодари на Туркије за нејзиното посредување и конструктивната улога во договорот меѓу Сомалија и Етиопија.
Претседателот Ердоган изјави дека и во новиот период продолжат напорите на Туркије за подобрување на односите меѓу Туркије и САД во сите области.
Ердоган повтори дека Туркије од самиот почеток се залага за зачувување на територијалниот интегритет, единство и унитарната структура на Сирија и дека меѓународната заедница треба да работи заедно во поглед на заживување и реконструкција на институциите во Сирија.
Во врска со терористичките организации, турскиотпретседател истакна дека Туркије ќе преземе мерки за заштита на својата национална безбедност против терористичките организации како што се ПКК/ПЈД/ЈПГ и ДЕАШ кои дејствуваат во Сирија.
Зборувајќи дека Туркије е единствена земја од НАТО која се борела гради в гради против ДЕАШ, претседателот Ердоган истакна дека ќе ја спречат ПКК и нејзините ограноци да се обидат да ја претворат ситуацијата во можност.