Merve Berker
16 Октомври 2022•Ажурирај: 17 Октомври 2022
АНКАРА (АА) - Во телефонски разговор денес претседателите на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, и на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) , Мухамед бин Зајед ал Нахјан, разговараа за билатералните односи, соопшти Директоратот за комуникации при турското Претседателство, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ал Нахјан телефонски го побарал турскиот претседател со кој размениле мислења за билатерални прашања, вклучително и за соработката на полето на инвестициите, трговијата, енергетиката, транспортот, инфраструктурата и технологијата, се наведува во соопштението на Директоратот.
Двајцата лидери се согласиле и за проширување на билатералната соработка – вклучување на воената и одбранбената индустрија.
Претседателот на ОАЕ во разговорот му упатил сочувство на Ердоган за експлозијата во рудникот за јаглен што се случи во петокот во северната турска област Бартин, во која загинаа 41 рудар.
Најмалку 110 рудари работеа во окното на рудникот во петокот вечерта, кога се случи експлозијата.