Muhammed Nuri Erdoğan
01 Јуни 2021•Ажурирај: 02 Јуни 2021
АНКАРА (АА) – Со методот на убедување припадник на терористичката организација ПКК им се предаде на турските безбедносни сили, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како резултат на координацијата на Министерството за внатрешни работи, полицијата и Генералната команда на жандармеријата, еден терорист, што избегал од терористичката организација ПКК, со методот на убедување им се предаде на турските безбедносни сили.
Утврдено е дека членот на организацијата, кој им се предал на турските безбедносни сили, во терористичката организација се приклучил во 2008 година и извршувал активности во Ирак.
Бројот на припадници на терористичката организација што се предадоа со методот на убедување оваа година достигна 74.