АНКАРА (АА) - ДЕНИЗ ЧИЧЕК -
Високите раководители на компании со седиште во Соединетите Американски Држави (САД), кои одржаа состанок преку видеоконференција со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, укажувајќи на нивната доверба во турската економија, истакнаа дека се подготвуваат за нови инвестиции во Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот Ердоган минатата недела одржа состанок преку видеоконференција со високите извршни директори на 26 глобални компании со седиште во САД. На состанокот присуствуваа раководителите на компаниите: „Каргил“ (Cargill), „ДауАкса“ (DowAksa), „Хилтон“ (Hilton), „МетЛајф“ (MetLife), „Нетфликс“ (Netflix), „Боинг“ (Boeing), „Келог“ (Kellogg), „Гугл“ (Google), „Џенерал електрик“ (General Electric), „Варајан медикал системс“ (Varian Medical Systems), „ПепсиКо“ (PepsiCo), „Амазон“ (Amazon), „Шениер енерџи“ (Cheniere Energy), „Сити“ (Citi), P&G, „Прогрес реил“ (Progress Rail), „Телуријан“ (Tellurian), „Медтроник“ (Medtronic), Арчер Даниелс Мидланд“ (Archer Daniels Midland), „Мајкрософт“ (Microsoft), „Сиско“ (Cisco), „Ханивел аероспејс“ (Honeywell Aerospace), „Нова пауер солушнс“ (Nova Power Solutions), „Кока-кола“ (Coca-Cola), „Џонсон и Џонсон“ (Johnson&Johnson) и „Бејкер Хјус“ (Baker Hughes).
Според добиените информации, претседателот Ердоган на состанокот ги ислушал директорите на компаниите од секторите како земјоделство, енергетика, финансии, здравство, информатика, туризам и авијација и одговарал на нивните прашања.
- „Турција нуди можности за сите сектори“ -
Раководните лица на американските компании истакнаа дека се фокусирале на воспоставување подлабоки и подинамични односи и на развој на соработката со Турција. Извршните директори истакнаа дека комерцијалниот дијалог што треба да се зајакне во оваа насока ќе биде многу важен во однос на договорот за слободна трговија меѓу Турција и САД и ажурирањето на договорот за Царинската унија меѓу Турција и Европската Унија (ЕУ).
Посочувајќи на квалитетот на производите и услугите испорачани од Турција, високите раководители наведоа дека може да се постигне многу поголем обем на трговија меѓу двете земји.
Директорите на американските компании исто така додадоа дека има голем потенцијал и многу можности за понатамошна соработка помеѓу Турција и САД во сите области на економијата.
Подвлекувајќи ги економските перформанси на Турција дури и за време на глобалната епидемија, раководителите истакнаа дека Турција со својата трајна економија и стратешка локација ја гледаат како еден од нивните најважни пазари и дека сакаат да ги развиваат своите портфолија за инвестиции таму.
-„Оптимисти сме во врска со перформансите и иднината на турската економија“ -
Раководителите на американските компании, наведувајќи дека Турција е уникатна земја, додадоа дека имаат за цел да ги зголемат своите инвестиции во земјата.
Укажувајќи дека се оптимисти во врска со перформансите и иднината на турската економија, тие истакнаа дека се задоволни што се дел од растот на земјата.
Меѓу другото, раководителите на компаниите им се заблагодарија на турската Влада и на претседателот Ердоган за преземените чекори за подобрување на инвестициското опкружување и рекоа дека се горди на партнерството што го воспоставиле со Турција.
Наведувајќи дека Турција е клучна база и важен пазар, извршните директори нагласија: „Ние сакаме да инвестираме повеќе во вашата земја. Турција нуди важни можности за сите сектори.“
- Учествуваа директори на глобални компании -
На состанокот, што беше модериран од Мирон Брилијант, потпретседател на трговската комора на САД, учествуваа:
Дејвид Вебстер, потпретседател на компанијата „Каргил“, Даглас Паркс, извршен директор на „ДовАкса“, Крис Насета, претседател и извршен директор на „Хилтон“, Нурија Гарсија, претседател на „Метлајф“ за Европа, Блискиот Исток и Африка, Спенсер Њуман, директор на „Нетфликс“, Стен Дил, извршен директор на „Боинг“, Стивен Кахилан, извршен директор на „Келог компани“, Каран Батија, потпретседател на „Гугл“, Џон Слетери, претседател и извршен директор на „Џи-и авејшан“, Крис Тот, извршен директор на „Варијан медикал системс“, Силвиу Поповичи, извршен директор на „ПепсиКо“ за Европа, Сузан Поинтер, потпретседател на „Амазон“, Анатол Фејгин, трговски директор на „Шениер енерџи“, Дејвид Ливингстон, претседател и извршен директор на „Сити“, Лоик Тасел, претседател за Европа на P&G, Марти Хајкрафт, претседател и извршен директор на „Прогрес реил“, Октавио Симоеш, претседател и извршен директор на „Телуријан Инк.“, Роб Тен Хоедт, претседател за Европа на „Медтроник“, Исмаил Роиг, претседател на „Арчер Даниелс Мидланд“, Самер Абу Лтаиф, претседател на „Мајкрософт“ за Европа и Блискиот Исток, Мајкл Тимени, потпретседател на „Сиско“, Мајк Мадсен, претседател и извршен директор на „Ханивел аероспејс“, Стив Зиф, претседател и извршен директор на „Нова пауер солушнс“, Џени Стоичкова, претседател на „Кока-кола компани“ за Европа и Блискиот Исток, Џорџо Милеси, претседател на „Џонсон и Џонсон“, и Захер Ибрахим, потпретседател на компанијата „Бејкер Хјус“.