Fatih Hafız Mehmet
20 Мај 2019•Ажурирај: 21 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Турските и грчките официјални претставници за одбрана овој месец во периодот од 20 до 25 мај ќе се состанат во Атина за да одржат разговори во врска со прашањата поврзани со Егејското Море, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Техничкиот состанок помеѓу делегациите на турското и грчкото Министерство за национална одбрана, за подобрување на соработката, особено во мерките за градење доверба и Кодексот на однесување во Егејското Море, ќе се одржи во Атина од 20 до 25 мај 2019 година“, се вели во соопштението на турското Министерство за одбрана.
Турските безбедносни извори во саботата објавија снимка на која се гледа како грчки брод вознемирува турска корвета за време на турската воена вежба „Морски волк“ (Denizkurdu) 2019“.
Турција и Грција имаат неколку спорови кои се однесуваат на Егејското Море, меѓу кои и протегањето на територијалните води, воздушниот простор и континенталниот гребен.