Büşra Nur Bilgiç
28 Октомври 2019•Ажурирај: 28 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, изјави дека водачот на терористичката организација ЈПГ/ПКК, Ферхат Абди Шахин, познат под кодното име „Мазлум Кобани“, е во иста мера терорист колку и водачот на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
„Зборувањето по телефон, контактот со него, не ја трга неговата маска во однос на тероризмот“, истакна Сојлу во обраќањето на отворањето на седиште на полицијата во Анкара.
„Тој е убиец и правните држави не треба да комуницираат со него“, додаде тој.
Турција ја стави ДЕАШ на листата на терористички организации во 2013 година.
Оттогаш, Турција беше нападната од терористите на ДЕАШ многупати, вклучувајќи ги 10 самоубиствени, седум бомбашки напади и четири оружени напади.
Во овие напади загинаа 315 лица, вклучувајќи 11 полициски службеници и двајца војници, а беа повредени 137 цивили, 62 полициски службеници и 7 војници.
Како одговор на овие напади, Турција започна антитерористички операции на својата територија и пошироко.
Во двете прекугранични воени операции во Сирија од 2016 година, „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“, Турција неутрализираше 3.500 терористи на ДЕАШ, а уапси 5.500.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.