Ekip
15 Март 2025•Ажурирај: 15 Март 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Објективот на Анадолу вечерва сними спектакуларни снимки од издигнувањето на „црвената“ полна месечина над познатата истанбулска џамија Чамлиџа, јавува Анадолу.
Тајмлапсот од месечината над џамијата со поглед на Босфорот е направен по првата лунарна еклипса во годината.
Црвената полна месечина или Worm Moon, последната зимска полна месечина на северната хемисфера, го добила своето име од домородните Индијанци и колонијалните традиции.
Терминот го означува времето кога дождовните црви повторно се појавуваат со порастот на температурите.