Rauf Maltaş
05 Март 2023•Ажурирај: 06 Март 2023
ШАНЛИУРФА (АА) – Во турскиот град Шанлиурфа се урна зграда од шест ката, а екипите за спасување се испратени во подрачјето, јавува Анадолу.
Зградата во округот Халилије, што беше погоден од земјотресот на 6 февруари, денес целосно се сруши.
На местото се наоѓаат припадниците на Управата за вонредни состојби на Република Туркије (АФАД), противпожарната бригада, медицински екипи и безбедносните сили.
Продолжува потрагата и спасувањето од урнатините под кои има повредени луѓе.