Diyar Güldoğan
20 Јануари 2023•Ажурирај: 21 Јануари 2023
АНКАРА (АА) - Делегациите на турското Министерство за национална одбрана и Министерството за одбрана на САД го завршија вториот круг консултации за борбените авиони Ф-35 во Вашингтон, соопшти турската страна, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Делегациите се договорија за продолжување на консултациите. Следниот состанок треба да се одржи во Анкара пролетва, 2023“, се вели во соопштението на Министерството.
Делегациите првиот круг разговори го одржаа во Анкара во 2021 година.
Во 2019 година, САД ја суспендираа Туркије од програмата за борбените авиони Ф-35, откако се спротивставија на купувањето на рускиот систем за противракетна одбрана С-400 од страна на Туркије, тврдејќи дека рускиот систем ќе ги загрози борбените авиони.
Туркије постојано повторуваше дека нема такво загрозување и предложи формирање комисија која ќе го проучи ова прашање. Туркије, исто така, рече дека ги има исполнето своите обврски за Ф-35 и дека нејзиното суспендирање е спротивно на регулативите.