Muhammed Enes Çallı
25 Септември 2023•Ажурирај: 26 Септември 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа двајца терористи на ПКК во југоисточните турски области Ширнак и Дијарбакир, изјави денес министерот за внатрешни работи на Туркије, Али Јерликаја, јавува Анадолу.
Јерликаја истакна дека и двајцата терористи биле вмешани во терористички напади во кои загинале деветмина припадници на безбедносните сили, а биле повредени 21.
Ерџан Серхат, со кодно име Реис Ѓултуран, се наоѓаше на црвената листа на барани терористи од страна на Туркије. Тој бил фатен жив со неговото оружје, соопшти Јерликаја на платформата Х.
Листата на барани лица во Туркије е поделена во пет категории, во црвената категорија се најбараните лица, а потоа следуваат сината, зелената, портокаловата и сивата категорија.
Серхат испланирал седум терористички напади во Ширнак во периодот помеѓу 2016 и 2022 година, истакна Јерликаја.
Другиот терорист Хабиб Каракоч се наоѓаше во сивата категорија на барани.
Познат по кодното име Агит Берксведан, тој бил вклучен во шест терористички напади во Дијарбакир и во источната турска област Муш.
Во својата повеќе од 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.