Ayşe Şensoy Boztepe
14 Февруари 2023•Ажурирај: 15 Февруари 2023
АНКАРА (АА) - Уште 15 бебиња на возраст до една година беа пренесени во Анкара со претседателскиот авион од регионите погодени од земјотресот на југот на Туркије, јавува Анадолу.
Како што потврдија од Министерството за здравство на Туркије, на секое од бебињата им била одредена дадилка, а транспортната група била придружувана од неколку лекари.
Транспортот на децата погодени од земјотресот, како и на други повредени, продолжува да се врши со сите расположливи авиони, а за транспорт на бебињата е определен и претседателскиот авион „ДАП“.
Последната група бебиња е сместена во градската болница „Етлик“, во турската престолнина Анкара.
Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала на 6 февруари ги погодија јужните делови на Туркије со епицентар во областа Кахраманмараш, а голем број спасувачки тимови сè уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.