Sinan Uslu
14 Февруари 2023•Ажурирај: 15 Февруари 2023
АНКАРА (АА) - Во земјотресите во јужниот дел на Туркије загинаа 31.974 лица, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), пренесува Анадолу.
Наведено е дека 195.962 лица се евакуирани од подрачјето погодено од земјотресите.
АФАД соопшти дека по двата разорни земјотреси, регистрирани се уште 3.170 помали земјотреси.
На терен работат 35.249 припадници и членови на различни институции од Туркије и меѓународни спасувачки тимови.
На терен се 9.456 луѓе од други земји.
Психосоцијална поддршка е обезбедена на стотици илјади луѓе.
Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала на 6 февруари ги погодија јужните делови на Туркије со епицентар во областа Кахраманмараш, а голем број спасувачки тимови сè уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.