Esra Tekin
08 Август 2024•Ажурирај: 09 Август 2024
АНКАРА (АА) - Турската Национална разузнавачка служба (МИТ) неутрализира терорист на ПКК, кој се подготвувал да нападне база на Турските вооружени сили во Северен Ирак, соопштија безбедносни извори, јавува Анадолу.
Сердар Сонмез, со кодно име Езиз Габар, е неутрализиран во регионот Хакурк.
Донмез, за кого имало налог за апсење за дела поврзани со тероризам, планирал да изврши терористички напад со снајперска пушка, истакнаа изворите.
Според наредбите на таканаречените „високи“ водачи на ПКК/КЏК, Сонмез имал задача да се инфилтрира во подрачјето на базата во Хакурк, да изврши извидување и напад користејќи снајперска пушка, велат изворите.
Со операцијата МИТ го неутрализира терористот при неговата подготвителна фаза.
Според изворите, Сонмез ѝ се приклучил на ПКК/КЏК во 2014 година, а добил вооружена и идеолошка обука во регионот Гара во Северен Ирак во 2015 година.
Тој бил активен во Кандил во 2018 година, а неодамна учествувал во терористички активности во Хакурк.
Во својата речиси 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.