Zülfiya Yakup
04 Мај 2016•Ажурирај: 05 Мај 2016
ПРИШТИНА (AA) - Европскиот комесар за миграции, внатрешни работи и државјанство Димитрис Аврамопулос соопшти денес во Брисел дека Европската комисија даде препорака за укинување за визниот режим за кратки престојувања на граѓаните на Косово во Шенген зоната, јавува Anadolu Agency (AA).
Комесарот истакна дека на Косово му преостанува до крај на продецурата да го ратификува договорот за демаркација на границата со Црна Гора и да ја зајакне борбата против корупцијата. Тој изрази надеж дека препораката на ЕК ќе ја усвои Европскиот парламент и Советот на ЕУ.
„Денес ја продолжуваме нашата посветеност да предложиме безвизно патување во ЕУ за народот на Косово со биометриски пасоши-олеснувајќи ги контактите меѓу луѓето и јакнејќи ги работните, општествените и културните врски помеѓу ЕУ и Косово. Ова е резултат на напорна работа и успешни залагања на Косовските власти во постигнување на делекосежните и тешките реформи во областа на правосудството и внатрешните работи и пошироко, што влијае на областите како што се владеењето на правото и реформите во правосудството. Знам колку е безвизниот режим важен за народот на Косово и многу сум задоволен со постигнатиот напредок. Се надевам дека Европскиот парламент и Советот многу наскоро ќе го усвојат нашиот предлог", рече комесарот.