Diyar Güldoğan
04 Јули 2023•Ажурирај: 05 Јули 2023
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес, во главниот град Анкара, го прими на разговори јорданскиот вицепремиер Ајман Сафади, јавува Анадолу.
За средбата, којашто се одржа зад затворени врати во Претседателскиот комплекс, не се споделени дополнителни информации.
Сафади, кој ја извршува и функцијата јордански министер за надворешни работи и иселеништво, претходно оствари средба и со неговиот турски колега Хакан Фидан на која се разговараше за билатералните односи и за регионални и меѓународни прашања.
Дипломатските односи меѓу Туркије и Јордан се воспоставени во 1947 година.