Yıldız Aktaş
25 Јануари 2020•Ажурирај: 26 Јануари 2020
ЕЛАЗИГ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, учествуваше на погребната молитва (џеназе намаз) на Ајшеѓул Џивелек и нејзиниот син Мухамед Салих Џивелек кои загинаа во земјотресот со јачина од 6,8 степени кој се случи синоќа во подрачјето на Сивриџе во регионот Елазиг, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган на погребната церемонија упати сочувство до семејството и блиските на загинатите.
„Од минатото досега се соочивме со бројни земјотреси, но овој народ знаеше и успеа со трпение да ги преброди“, рече Ердоган.
„Како држава и како народ правиме и ќе направиме сѐ што можеме. Ќе продолжат сите наши работи со овие урнатини“, додаде тој.
Ердоган истакна дека ќе преземат чекори во насока на изградба на нови згради на местото на срушените.
„Ве замолувам, не слушајте ги озборувањата и негативните пропаганди. Треба да знаете дека ние сме ваши слуги, и ние знаеме дека да му се служи на народот е гордост чија награда е голема“, рече Ердоган.
Покрај Ердоган, на погребната молитва учестувваа и претседателот на турскиот Парламент, Мустафа Шентоп; потпретседателот на Турција, Фуат Октај; министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу; министерот за животна средина и урбанизам, Мурат Курум; министерот за здравство, Фахретин Коџа; министерот за национална одбрана, Хулуси Акар; министерот за национално образование, Зија Селчук, и гувернерот на Елазиг, Четин Октај.