Hasan Namlı
10 Јули 2020•Ажурирај: 12 Јули 2020
ДИЈАРБАКИР
Турските безбедносни сили запленија 9 милиони 187 илјади стебла канабис и 1 тон 183 килограми дрога во операцијата што се реализира во областа Лиџе во Дијарбакир, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението од Кабинетот на гувернерот, операцијата наречена „Починатиот војник Ер Зејнетин - наркотерористичка операција“ е со цел да се открие ланецот на трговија со дрога предводена од терористичката организација ПКК и терористите да се предадат пред лицето на правдата.
Во операцијата, во 83 различни точки откриени се 9 милиони 187 илјади стебла канабис и 1 тон 183 килограми дрога во карпестата област во вреќи скриени во грмушки. Исто така, откриена е водоводна мрежа долга 11.045 за наводнување на канабисот и 8 водни пумпи.
ПКК ги финансира своите терористички активности преку трговијата со дрога уште од 1980-тите години. Интерпол проценува дека 80 отсто од европскиот пазар на дрога се снабдува од мрежи на криумчарење под контрола на ПКК.
Турските власти конфискуваат пратки на наркотици на ПКК уште од 1980-тите години.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.