Ahmet Sertan Usul
06 Октомври 2023•Ажурирај: 06 Октомври 2023
АНКАРА (АА) - Безбедносните сили на Туркије уништија вкупно 30 цели, меѓу кои и извор на нафта и магацин што сепаратистичката терористичка организација ПКК го користела во Северна Сирија. Меѓу неутрализираните цели се и високо позиционирани терористи, објави синоќа Министерството за одбрана на Туркије, јавува Анадолу.
Со цел неутрализирање на ПКК/ЈПГ и на други терористички елементи и елиминирање на терористичките напади врз населението и безбедносните сили, како и обезбедување на сигурноста на границите, во согласност со правото на самоодбрана што произлегува од член 51 на Повелбата на Обединетите нации, турското Министерство соопшти дека на 5 октомври во 23:00 часот по локално време извело воздушни напади врз терористички цели во регионите Тел Рифат, Џизире и Дерик во Северна Сирија.
„Со воздушни акции уништени се 30 цели, вклучително и извор на нафта и складишта кои ги користеше сепаратистичката терористичка организација, како и пештери, засолништа и магацини за кои се смета дека се скривалишта на одговорни терористи. Неутрализирани се голем број терористи со користење на максимално количество домашно оружје и муниција во спроведените акции“, се наведува во соопштението.
Турските вооружени сили одлучно продолжуваат да се борат против тероризмот, со цел опстанок и безбедност на својата земја и нација, како во минатото, така и во иднина, сѐ додека не биде отстранет и последниот терорист.
„Во текот на оваа акција преземени се сите мерки на претпазливост, со цел да не им се наштети на недолжните цивили, пријателските елементи, историските и културните добра и околината“, се додава во соопштението.