Sena Güler
01 Февруари 2018•Ажурирај: 01 Февруари 2018
КОЊА (АА) - Турското обвинителство издаде налог за приведување на 120 лица осомничени за поврзаност со терористичка организација ФЕТО, која во јули 2016 година изврши обид за воен удар во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Наредбата за лишување од слобода на осомничените била издадена од канцеларијата на државниот обвинител во Коња, а операцијата за постапување по налогот се спроведува во уште 43 турски области.
Полицијата на терен излезе рано наутро и во досегашните претреси приведе најмалку 58 осомничени.
Осомничените се товарат за поврзаниост со терористичката организација ФЕТО и за користење на тајниот и кодиран комуникациски систем на „ByLock“ (БајЛок). Тоа е апликација што ја користеле терористите на ФЕТО за меѓусебна комуникација за време на обид за воен удар во Турција, во кој загинаа 250, а беа повредени околу 2 200 лица.
Терористичка организација ФЕТО во 1970-те години започна своите поданици да ги инфилтрира во безбедносните институции на Турција, по што во 1980-те години значително ги зајакна своите паралелни пирамиди во овие институции и конечно на 15 јули 2016 година изврши неуспешен обид за воен удар со цел уништување на уставниот поредок и соборување на демократско избраната власт во Турција.