Sena Güler
01 Февруари 2018•Ажурирај: 01 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку 49 терористи се неутрализирани во двата последни воздушни напади кои турските вооружени сили ги извршија врз позициите на ПКК, на крајниот северен дел на Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската војска утринава соопшти дека воздушните удари на новооткриените засолништа и упоришта на терористичката организација се извршени на 29 јануари.
Нападите се извршени и на планинските подрачја Асос, Кандил, Зап, Авашин-Басјан и Хакурк.
Во соопштението се наведува дека сите гаѓани цел се уништени при што неутрализирани се најмалку 49 терористи.
Планините Кандил, Гара, Метина и Зап се наоѓаат во северниот дел на Ирак, долж ирачко-турската граница. Станува збор за подрачје кое се смета за колевка на терористичкото движење ПКК.
Турските сили спроведуваат опсежна борба против терористите на ПКК во Турција и во северниот дел на Сирија и Ирак.
Воените операции во пограничните подрачја на Ирак и Сирија се во согласност со правото на Турција засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) т.е 2178 (2014).
Турција се повикува и на член 51 од Договорот на ОН, односно на Правото за самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.