Muhammed Ali Toruntay
08 Април 2020•Ажурирај: 08 Април 2020
АНКАРА
Министерството за одбрана на Турција соопшти дека во северниот дел на Ирак, во подрачјето Хафтанин, се неутрализирани двајца терористи на ПКК, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави турското Министерство се вели: „Во северниот дел на Ирак, во подрачјето Хафтанин, по извршено извидување и набљудување, изведена е воздушна операција во која се неутрализирани двајца милитанти, припадници на сепаратистичката терористичка организација ПКК. Нашите операции продолжуваат без прекин.“