Orhan Onur Gemici
05 Јануари 2023•Ажурирај: 05 Јануари 2023
АНКАРА (АА) - Турските сили неутрализираа 12 терористи на терористичката организација ПКК/ЈПГ кои извршиле обид за напад во зоните каде што беа реализирани турските антитерористички операции „Маслинова гранка“ и „Извор на мирот“ во северниот дел на Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Туркије.
Во соопштението се наведува дека припадниците на Турските вооружени сили деноноќно со решителност ја продолжуваат борбата против тероризмот.
„Неутрализирани се 12 терористи на ПКК/ЈПГ кои извршија обид за напад со цел да го нарушат спокојството и безбедната средина во зоните каде што беа реализирани турските антитерористички операции „Маслинова гранка“ и „Извор на мирот“ во северниот дел на Сирија“, се додава во соопштението.