Muhammed Boztepe
21 Март 2020•Ажурирај: 23 Март 2020
АНКАРА (АА) - Турските сили неутрализираа двајца терористи на терористичката организација ПКК/ЈПГ кои биле во обид да се инфилтрираат во зоната каде беше реализирана операцијата „Извор на мирот", пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за одбрана на Турција.
„Како резултат на успешната операција на нашите храбри командоси, неутрализирани се двајца терористи припадници на сепаратистичката терористичка организација ПКК/ЈПГ кои биле во обид да се инфилтрираат во зоната каде беше реализирана операцијата Извор на мирот“, се наведува во ова соопштение.
Во соопштението на турското Министерство за одбрана се нагласува дека ќе продолжи да се земе секоја мерка со цел да се одржи мирот и спокојството во регионот.